Пејачката Јелена Розга е многу таинствена кога е љубовниот живот во прашање.
Меѓутоа, таа неодамна призна дека повторно е среќна во љубовта, а нејзиното момче има сини очи, а сега призна и некои нови детали.
Имено, на прашањето како ја поднесуваат разделбата со оглед на тоа што Јелена постојано патува, таа призна дека тие двајца се во иста индустрија.
– Се е многу полесно со оглед на тоа што ја работиме истата работа, рече Розга, сè уште не откривајќи го идентитетот на својот партнер.
Она што е интересно е што таа го запознала и со нејзините родители.
– Ги има најубавите работи. Сè на него ми е најубаво. Мајка ми го обожава, а и татко ми, признала пејачката за „Ин Магазин“.