Јелена Розга прозборе за пастичните операции

Хрватската пејачка Јелена Розга во интервју за српскиот магазин „Блиц“ откри дека никогаш не направила пластична операција, иако на почетокот на кариерата ѝ советувале да го смени изгледот. Таа вели дека никогаш не сакала да се менува и дека не ги сфаќа родителите што им плаќаат естетски корекции на своите деца.

„На почетокот на мојата кариера кога дојдов да пеам во групата ‘Магазин’, ми беше кажано дека треба да ја зголемам устата, а да го стеснам носот… Имаше тука сè и сешто. Можеби требало, така што носот би ми бил поубав сега, но не прифатив. Јас сум јас и не мислам дека има потреба да се менувам. Има толку многу убави девојки кои се унаказија со пластичните операции,“ рекла Розга во интервјуто.

Популарната сплиќанка рекла и дека е шокирана од фактот дека млади девојки одат на естетски корекции, а дека за тоа имаат поддршка од своите родители.

„Искрено, не можам да разберам дека родителите ги честат децата, купупувајќи им на подарок силикони за нивниот роденден,“ додала таа.

Scroll to Top