Јелена Розга се пофали со фотографија од Шпанија, Нина Бадриќ и порача: Уживај мила

По многубројните концерти кои ги одржа низ Хрватска и соседните земји, Јелена Розга замина на заслужен одмор. Почетокот на октомври го поминува во Шпанија, а на својот Инстаграм профил се пофали со фотографија.

„Барселона“, накратко напиша таа и стави емотикон испраќајќи бакнеж, а нејзината објава за помалку од 24 часа собра речиси 16 илјади лајкови.

Набрзо почнаа да се нижат коментари од нејзините фанови.

„Одмор за душа“, „Уживај, заслужуваш“, и напишаа тие.

Освен нив, на нејзината објава се огласи и пејачката Нина Бадриќ која и напиша: „Уживај мила“.

Scroll to Top