Веќе извесно време се шушка дека Јелена Розга е во врска со Иван Хуљиќ, синот на Тончи и Вјекослава Хуљиќ.
Српските медиуми неодамна објавија заеднички фотографии и напишаа дека тие ќе се венчаат наесен, но Розга ги демантираше тие гласини.
„Заљубена сум и среќна, тоа е вистина, но да се омажам нема. Полека, полека, има време. Особено не планирам две свадби, како што велат“, изјави пејачката за хрватски „Стори“.
Таа се осврна и на различни медиумски написи, велејќи дека веќе ништо не и пречи и не ја вознемирува. Таа вели дека и самата порано се „гуглала“, но престанала бидејќи сфатила дека премногу се нервира поради „лагите и невистините“.