Јосипа Лисац поради здравствени проблеми го одложи концертот во Загреб

Поради  здравствена состојба хрватската пејачка Јосипа Лисец го одложи концертот кој требаше да го одржи во концертната сала „Лисински“ во Загреб.

Како што соопштуваат организаторите, Лисац има проблеми со ишијас.

„Вториот концерт на Јосипа Лисац во Загреб, кој требаше да се одржи во сабота на 25 февруари, во концертната сала на „Ватрослав Лисински“, беше одложен поради здравствената состојба на нашиот најголем музички уметник. Со недели пред првиот концерт, како и на самиот настап во вторник, 21 февруари, Јосипа претрпе значителни болки предизвикани од ишијас. Таа во моментов не е во состојба на публиката да и ја даде изведбата што ја заслужува“, пишува во соопштението.

Новиот датум на концертот во Загреб ќе биде објавен наскоро.

Scroll to Top