Јова Радовановиќ: „Живеев во голема сиромаштија“

Еден од најпопуларните шоумени и забавувачи во Србија, Јова Радовановиќ, во интервју за „Курир“ открил дека растел во голема сиромаштија. Тој отсекогаш сакал да се занимава со музика, а во тоа му помогнал неговиот сосед.

„Првиот сосед знаеше дека ја сакам музиката, па ми најде кларинет на реверс на кој учев да свирам. Немавме пари да си купам мој. Истиот сосед потоа ме запиша во музичко училиште. Ама тоа беше некое друго време. Денеска работите се многу посурови“, рекол тој во интервјуто.

Кога го создавале бендот „Седуммина млади“, експериментирале со музиката, со скечевите, создавале нешто ново и се надевале дека тоа ќе им се допадне на телевизиските гледачи. Во тоа време сè повеќе семејства купувале телевизори, а момците се претвориле во вистински ѕвезди.

„За разлика од другите деца, живеев во голема сиромаштија. Ама во тоа време немаше големи социјални разлики. Сите се согласувавме добро. Роден сум како четврто дете во семејството, а моите родители правеле пауза од десет години меѓу децата, па најстарата сестра ми беше како мајка. Сите се грижевме еден за друг. Татко ми работеше многу, но не заработуваше. Месо јадевме само еднаш во неделата, немавме за повеќе. Кога ќе купеше колбаси, тоа беше причина за славење“, додал Радовановиќ.

 

Scroll to Top