Јована Јеремиќ: Не одам во Катар за да не ги деконцентрирам фудбалерите

„Кога би заминала во Катар, би направила хаос, би ја деконцентрирала целата наша репрезентација. Затоа одлучив да останам во Белград и да ги поддржам од овде“, вели српската водителка Јована Јеримиќ. Вели дека почнала да се интересира за фудбалот откако снимила реклама со аргентинскиот фудбалер Габријел Батистута. На  прашањето за известување за фудбалот вели : Мислам дека сега е вистински момент да почнам да известувам за фудбалот. Ако тоа можеа да го работат новинарките кои немаат врска со тој спорт, зошто не и јас. И ги имам сите предиспозиции за во известувањето да бидам апсолутно најдобра“, вели водителката.

Водителката откри дека и` се додворува еден српски фудбалер, но не сакаше да каже кој.

„Ми се додворува еден фудбалер, но не би раскажувала многу за тоа.  Моментално сум сама, излегов од брак и поради тоа во иднина три пати ќе мерам пред да се одлучам со некој да започнам врска. Ако влезам во врска со фудбалерот, тоа мора да биде сериозно. Проблем е што сакам постари, а ми се пуштаат помлади“, раскажува таа. Од бракот со политичарот Војислав Милошевиќ ја има ќерката Леа, но вели дека би сакала да има уште деца:

„Сакам уште деца, но не сега, туку за неколку години. Посветена сум на кариерата и пред другото дете би сакала да обезбедам уште еден стан, а за тоа ми треба многу“, заклучи Јована.

Scroll to Top