Српската водителка Јована Јоксимовиќ е позитивна на коронавирусот, пренесуваат српските медиуми. Сопругата на Жељко Јоксимовиќ се заразила со Ковид-19 на прославата кај Цеца Ражнатовиќ за внукот Жељко.
Како што пренесува Пинк.рс. извор близок до Јована открил дека таа се тестирала и добила позитивни резултати. Жељко и Јована Јоксимовиќ беа само некои од малкуте гости кои беа во контакт со семејството Ражнатовиќ.
Денеска српските медиуми пренесоа дека српската пејачка Цеца и нејзиниот син Вељко се позитивни на Ковид-19. Бројни познати личности во Србија се огласија преку социјалните мрежи дека се тестирале на коронавирус.