На почетокот на осумдесеттите години групата „Зана“ направи вистински бум на музичката сцена во некогашна Југославија, а истоимената пејачка, Зана Нимани, стана вистински секс-симбол.
Групата се прослави во 1982 година со хитот „Додирни ми колена“ и тоа беше само почетокот на растот на кариерата на „Зана“.
Следуваше и прочуената песна „Младиќу мој“, а хитовите се редеа.
Сепак, на врвот на популарноста Зана Нимани во 1985 година го напушти бендот и во 1986 година го објавува соло албумот „Ноќас певам само теби“.
На почетокот во 1991 година Зана во Белград ја роди ќерката Теа и неколку месеци подоцна со сопругот Џорџе Шишкин се селат во Канада каде што и денеска живее.
Зана од тогаш не се занимава со музика и работи во менаџментот на една фирма.
Некогашната русокоса денеска изгледа сосема поинаку:
Зана има 56 години, а ќерка ѝ во 2016 година дипломирала на колеџ во Канада.
Според мислењето на многумина, Зана Нимани е најдобрата пејачка на бендот „Зана“, а хитовите што таа ги отпеа ќе се вртат и во наредните децении.