Популарната мрежа за споделување на видеа „Јутјуб“, ја цензурираше новата песна на рап групата „Белградски синдикат“. Српската група која е препознатлива по политичките ангажмани во своите текстови, објави нова песна „Догодина во Призрен“, која ја посветија на сите невини жртви на Косово и Метохија.
Новата песна „Белградски синдикат“, ја направија во соработка со етно групата „Трага“, чии стихови го красат рефренот на песната „Догодина во Призрен“.
Бескомпромисно, како што тоа сите од нив го очекуваат, групата преку оваа песна порачува дека Косово е семе од кое изникна народ, извор и корито од кое истиот тој народ потекнува.
Меѓу стиховите на песната „Догодина во Призрен“ се најде и пораката „Тука на старото место каде Милош животот го дал, воден од правдата на Лазар, повторно воскреснува народ“.
На крајот на песната „Белградски синдикат“ им порачува на децата дека треба да учат како да ја знаат правата вистина.