КАЈ НЕА ТОА ПРЕДИЗВИКУВА ЗГРОЗУВАЊЕ! – Цеца јавно го искритикува Вељко

Фолк ѕвездата призна дека има нешто кај Вељко што во никој случај не и се допаѓа.

Цеца Ражнатовиќ, не е многу задоволна што нејзиниот син Вељко има тетоважа на своето тело. Фолк ѕвездата вели дека не одобрува „шарање“ по телото и дека кај нејзе тоа предизвикува, како што самата вели, згрозување.

„Тоа не е прв пат да се соочам со тоа. Јас не сум некој кој одобрува тетоважи, мојот син ги има, на мое, се разбира, големо згрозување“, искрена беше Цеца.

Фолк ѕвездата истакнува дека не сака ни кога нејзините млади обожаватели да го истетовираат нејзиниот лик на нивното тело, нешто што неодамна го направи една нејзина обожавателка.

„Јас, тие деца, кои го истетовирале мојот лик, сите тие песни, секогаш малку ги изгрдувам, но тие така покажуваат колку е голема нивната љубов кон мене. Но, порака за сите – не го шарајте младото, убаво тело“, заклучи таа.

Дали се согласувате со ставот на Цеца?

Scroll to Top