Како изгледа денес Наташа од „Жикина династија“

Актеркета Гала Виденовиќ во 1980-тите години важеше за една од најубавите актерки во Југославија. Кариерата ја почна во филмот „Мојот татко на одредено време“, се прослави како Весна во филмот „Јагоди во грло“, а најголемата популарност ја стекна со улогата на Наташа во филмот „Жикина династија“.

Иако ѝ предвидуваа блескава кариера, таа се повлече од глумата. Во 1989 година се пресели во Америка и оттогаш живее на релација САД-Србија. Се омажи за режисерот Владимир Алексиќ и ги роди синовите Демијан и Павел.

Гала денес има 48 години и ѝ се враќа на глумата. Таа ја снима новата серија „Пет“, која на почетокот на следната година треба да почне да се прикажува во Србија.

 

Scroll to Top