Како Милан Поповиќ го стекнал своето богатство

Српскиот бизнисмен и поранешен сопруг на хрватската пејачка Северина кариерата ја започнал како таксист во Швајцарија. Наскоро на почетокот на деведесетите години, се зближил со извесен брокер за метали, Марк Рич од тогашната компанија „Marc Rich Commodities“, MRC, од каде подоцна станува сериозен конгломерат „Гленцоре“.
Mарк Рич инаку бил богаташ кој го нарекувале кралот на нафтата. Своевремено во 2000 година упаднал во големи проблеми поради перење со пари. Тогашниот претседател Бил Клинтон го помилувал, а иако никогаш не се говорело премногу за причината поради која Рич поминал со полесна казна, останува фактот дека тој бил оженет со жена која била донатор во Демократската партија.
Како минувало времето, Милан Поповиќ влегол во бизнисот со Марк, па заминал за Казахстан каде за него купувал алуминиум. Трговијата со ваквите типови на метали и останати минерални богатство, во хаотичната Русија на Елцин, во тоа време, била една од најдобрите и најпрофитабилни дејности. Накратко, некој кој имал многу кеш, ќе пристигнел во компанијата од каде сака да купи алуминиум. Таму ќе разговара со генералниот директор, кој ќе го испрати до финансискиот директор. После дискретниот разговор, ќе разменат пари и документи, а купецот ќе треба само да подмити некој бирократ во Москва и работата ќе биде завршена. Купил алуминиум по советска книговодствена цена, додека во исто време, на светската берза ваквиот метал се продава по светска пазарна цена. На тој начин својот профит трикратно ќе го зголеми. Откако тоа ќе го направи два или три пати, цела Москва ќе му биде под колена, затоа што никој не ги сака доларите како што ги сакаат во Москва. Му се нуди заштита за идните бизниси, а со тоа и убави руски девојки. Неодоливиот дел од овој контекст во кој Милан Поповиќ се појавува како нов респективен играч е оној друштвениот, во кој може да се види се и сешто. Ќелави телохранители, џипови со сини светла и сирени, чинии со вистински кавијар, река шампањско и пратечка војска од убавици. И се разбира, добриот однос со руската администрација, за да не заврши како Ходорковски.
Милан Поповиќ добро ја разгледал ситуацијата, се зближил со неколку руски олигарси кои биле наклонети кон Србија. Дал отказ во компанијата во која работел и отворил своја. И така во 1996 година станал дел од џет-сетот во Москва. Парите ги вложувал во ресторани и ноќни клубови за богаташи, што му овозможило подобро да ги зацврсти своите бизнис контакти. Авиони, јахти, најскапи шампањци и најубави жени стануваат негово секојдневие. Работата ја проширува во Доминиканската Република и Америка, а во 2001 година, го доведува рускиот тајкун Игор Алтушкин во Србија и двајцата заедно со Зоран Дракулиќ, кој набрзо излегува од работата, ги вложува парите во валавница. Во Белград купува пентхаус и почнува со организирање на забави во манирите на светски Плејбој.
Полевањето со најскапите шампањи, кое инаку е обичај на богатите бизнисмени во Москва, го носи во Белград. Го нарекуваат кралот на бакарот. Авантуристичкиот дух не му дава мир. Купува авион и положува за пилот за да може самиот да управува. Низ Јадранот крстари со својата јахта, во која е опкружен со убавици од Русија и Србија.
Поповиќ пред да ја запознае Северина, се криел од медиумите и јавноста и од своите пријатели секогаш барал дискреција. Дури и кога организирал забава, сето тоа се случувало под радарот на јавноста, па Милан Поповиќ со години бил скришен тајкун кој гламурот и вниманието на медиумите не го интересирале премногу. Кога ја запознал Северина, тоа било негов голем влез на естрадата и таблоидната сцена. Северина ја запознал на својата приватна роденденска забава во затворен клуб. На прославата пристигнале 200 гости, а поканетите биле пречекани од страна на дваесетина девојки од Москва, облечени како стјуардеси кои само за таа прилика со приватен авион биле донесени од Москва. На забавата присуствувал целиот белградски џет сет, а пеел Харис Џиновиќ. Никој не приметил дека нешто се случува меѓу Северина и Милан. Недолго по таа забава и двајцата отпатувале на Флорида, каде Поповиќ има стан.

 

Scroll to Top