Какви венчаници носеле српските пејачки кога се мажеле

Српските музички ѕвезди одамна не штедат пари кога прават свадба. Најмногу пари даваат за венчаниците, кои се раскошни, уникатни и впечатливи, пишуваат српските медиуми. Александра Пријовиќ, која се венча со Филип Живојиновиќ, на свадбата смени три венчаници. Брена на свадбата носеше креација од „Диор“, а Дара Бубамара имаше венчаница од „Ели Сааб“.

Цеца Ражнатовиќ

Српската фолк-ѕвезда, која се омажи со Жељко Ражнатовиќ  во 1995 година, носеше раскошна сатенска венчаница со многу тул, бисери и тантела, а на главата носеше дијадема и вел. За „свадбата на векот“, како што ја нарече и тој самиот, објави и Си-ен-ен.

Лепа Брена

На свадбата со Боба Живојиновиќ, Лепа Брена носеше фустан  од „Диор“, специјано креиран за неа. Тоа е една од најскапите венчаници на српската естрада. Бидермаерот на свадбата на Брена го фати нејзината колешка Драгана Мирковиќ.

Драгана Мирковиќ

Пејачката во 2000 година се омажи за бизнисменот Тони Бијелиќ. Драгана на свадбата носеше едноставна асиметрична венчаница, но имаше раскошен бидермаер.

Дара Бубамара

Фолк-пејачката на свадбата со бизнисменот Милан Кесиќ беше облечена во фустан од израелскиот дизајнер Ели Сааб, наводно подарок од нејзината свекрва. Венчаницата на Дара чинела 80 000 евра, пишуваат српските медиуми.

Наташа Беквалац

Популарната пејачка првпат се омажи во 2006 година за ватерполистот Данило Икодиновиќ. На свадбата носела сатенска венчаница дополнета со скапа тантела.

Сека Алексиќ

Сека се омажи со Вељко во 2011 година и на свадбата смени три венчаници, сите три по нарачка. Една од нив ја дизајнираше контроверзниот српски креатор Саша Видиќ.

Ана Николиќ

Пејачката во 2016 година тајно се омажи за раперот Раста. И за свадбата Ана беше облечена во нејзин стил, во тесен фустан и мал тул на главата.

Ана Ивановиќ

Српската тенисерка пред две години се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер во раскошна креација, дизајн на Сузи Тарнер.

Scroll to Top