Карлеуша бара од Шерифовиќ да престане да јаде месо

Јелена Карлеуша се обидела да ја убеди својата колешка Марија Шерифовиќ да престане да јаде месо. Таа ѝ испратила снимка од која Шерифовиќ прилично се вознемирила.

Веднаш потоа почнале кавги на социјалните мрежи.

„Јелена брате, па сега прекинав со месото. Што ти е? И така сум целата катастрофа“, напишала Марија.

„Па што е проблемот? Ајде да не јадеме животни! Ова е страшно!“, почнала со убедувањата Јелена.

„Свинско не јадам, бифтек еднаш во 6 месеци, јадам само пилешко“, била искрена Марија.

Карлеуша потоа ја прокоментирала и снимката со животните, а Марија ѝ одговорила дека едноставно тоа е нешто што не може да се промени.

„Можеме ако сакаме! Мораме“, била упорна во убедувањата Карлеуша.

„Ти и јас да ја прекинеме светската месна индустрија? Карлеуша, дали си дувала лепак од утринава?“, Шерифовиќ  ја прашала во коментар својата колешка.

 

 

 

Scroll to Top