Карлеуша доживеала нервен слом

Српската пејачка Јелена Карлеуша доживеала нервен слом, вели нејзин близок пријател за српските медиуми. Пејачката имала тежок нервен слом кога на интернет ги видела експлицитните фотографии и пишувањата дека таа го изневерила нејзиниот сопруг Душко Тошиќ со единаесет години помладиот фудбалер Огњен Врањеш.

„Јелена беше во студиото на Гранд и ги подготвувала своите кандидати за вториот круг на натпреварувањето. По еден телефонски повик, Карлеуша пребледе и без збор го напушти студиото и кандидатите, кои не успеа да ги подготви до крај“, вели извор од Гранд.

Блискиот пријател на Карлеуша вели дека пејачката кога стигнала дома доживеала тежок нервен слом.

„Јелена не можеше да дише, имаше напад на паника. Викаше и го повикуваше нејзиниот сопруг. Нејзината мајка Дивна и најдобриот пријател Зоран ја однесоа во приватна клиника каде мораа да ја смират и да ѝ препишат терапија за мирување. Јелена не сакаше да чека ни минута. Ги спакува децата и веќе во вечерните часови полеста за Кина за да разговара со нејзиниот сопруг“, вели пријателот на Карлеуша.

Без оглед на тоа дали ќе и поверува на својата сопруга, за тоа дали се во прашање монтирани фотографии или не, на Душко сето ова му паднало многу тешко. Како што пренесуваат луѓето кои ги познаваат, тој е патријархално воспитан и се движи меѓу такви луѓе. Ваков скандал тешко дека ќе го проголта, вели пријателот на Карлеуша.

„Душко ги обожава своите ќерки и му е важно семејството да остане заедно. Но, многу е гневен поради тоа дека Јелена воопшто влегла во било каква комуникација со човек кој ја искористил за да стане познат“, вели колега на Душко Тошиќ.

„Престојот на Карлеуша во Кина бил исклучително драматичен. Таа на сопругот низ солзи му објаснила дека тој е единствениот маж кој ја интересира и дека нема да преживее доколку се разведат. Плачела со денови. Луѓето кои ѝ биле блиски велат дека особено ѝ паднало тешко тоа што живее со тешко болна мајка, која се потресла поради сето ова што се случува и што може да биде погубно за неа“, вели пријателот на Карлеуша.

Scroll to Top