Карлеуша ги објави десеттe песни пред промоцијата на новиот албум

Јелена Карлеуш ги објави имињата на 10 песни пред промоцијата на најновиот албум „Алфа“.

„Карлибич“, „Бенга“, „Блокирај“, „Машала“, „Вонземјанин“, „Карма“, „Такита“, „Рехабилитација“, „Луцифер“, и „Карлибич2“, се имињата на новите песни, кои ќе се најдат на новиот албум, зад кои стои најголемата светска издавачка куќа „Универзал“.

„Горди сме што остваривме соработка со Карлеуша и од целиот процес на реализација на единаесеттиот студиски албум „Алфа“ кој беше голем предизвик за нас. Иако има уште околу неколку часа до лансирањето на проектот, морам да истакнам дека резултатите што ги постигнавме во самиот момент на „Пресеј албум“ се неверојатни и апсолутен рекорд за нашите простори“, рече Никола Јовановиќ, потпретседател на Вирџин Music Label & Artist Services за Западен Балкан.

„Судејќи од старт и невидениот интерес, навистина очекуваме албумот веднаш по излегувањето да експлодира како ниеден проект досега“, додаде тој.

Scroll to Top