Карлеуша го кани Душко во Дубаи да се смират, судот одреди 30 дена забрана да ѝ се приближува

Српската пејачка Јелена Карлеуша на Божиќ го пријави фудбалерот Душко Тошиќ во полиција за насилство, но според пишувањата на тамошните медиуми страстите меѓу нив полека се смируваат. Таа викендов треба да настапи во Дубаи и посакала и нејзниот сопруг да замине со неа, иако судот му одреди триесетдневна забрана за приближување. Веста дека пејачката ќе се обиде да го зачува бракот, ја потврди и нивен заеднички пријател за српски „Курир“.

„Страстите се смирија, сè е повторно во ред. Полека се заборава напнатоста која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот во ОАЕ и сака Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но тој дефинитивно ќе замине со децата на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не беше сјајна, многу ги вознемири, но, колку што гледам, сфатија дека од кавга нема ништо и дека сè може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а ќерките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник“, вели иворот.

Тој додава дека засега немало никакви разговори околу развод.

„Јелена дава сè од себе за да го спаси бракот. Ниту еден од нив не споменува развод. Таа смета дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи. Тоа би било одлична можност да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристапот од триесет дена. Карлеуша патува в среда и најверојатно ќе остане десетина дена. Овој настап ѝ е многу важен. Таа жена издржа многу на своите плеќи, но работата и семејството ѝ се на прво место. Ние, пријателите, сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило“, завршува соговорникот.

Scroll to Top