Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство

Српската пејачка Јелена Карлеуша денес во 18 часот го пријавила нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за семејно насилство. Душко ги негирал ваквите обвинувања, а како што пренесува „Блиц.рс“ Карлеуша на наделжните органи им кажала дека веќе подолго време трпи насилие од Душко, а лекарска помош одбила.

Пејачката нема видливи повреди на неа, а полицијата ќе наложи мерка забрана за приближување на двајцата. Потоа се очекува обвинителот да донесе одлука за подигање на обвиниене пренесуваат српските медиуми.

Полицијата веднаш излегла на терен да го истражи случајот. За потсетување, на почетокот на минатата година во јавноста излезе аферата меѓу Јелена Карлеуша и колегата на Тошиќ, Огњен Врањеш. Двајцата јавно се препукуваа, па следеа тужби кои Јелена и Огњен ги поднесуваа еден против друг.

 

Scroll to Top