Карлеуша го запознала Врањеш со својата мајка

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш во изјава за „Хит информер“ открил дека освен што повремено се сретнувал и со ќерките на Јелена Карлеуша, ја запознал и нејзината мајка Дивна.

„Не сакам повеќе да зборувам за Јелена. Сè што имав кажав во моето соопштение на ‘Инстаграм’ и тоа е вистината. Можам само да потврдам дека ги сретнував нејзините ќерки во поминување. Ја запознав и нејзината мајка, и тоа во Атина, кога Карлеуша доаѓаше кај мене“, рекол Врањеш за „Хит информер“.

Фудбалерот, кој е во центарот на вниманието на јавноста откако пред две недели се дозна за секс-аферата со српската фолк-ѕвезда, додал дека му е преку глава од сè и дека сака медиумите да го остават на мир.

Секс аферата на Карлеуша стана проблем и во „Ѕвездите на Гранд“

Scroll to Top