Карлеуша ја призна секс-аферата со Врањеш, сакала и да се самоубие

Српската ѕвезда Јелена Карлеуша пред судот во Белград конечно призна дека била во врска со фудбалерот Огњен Врањеш. Таа потврди дека на сликите е нејзината вагина, иако долго време изјавуваше дека таму „има карактеристична бенка за која знае само нејзиниот сопруг Душко Тошиќ“. Пејачката во судот рече и дека заради аферата со Врањеш, размислувала да се самоубие.

„Тоа се мои фотографии, моите голи гради и мојот полов орган. Огнен Врањеш тајно ме снимаше! Од стресот ми паѓаше косата, пиев апчиња за смирување и редовно посетував психијатар поради суицидните мисли“, рече пејачката пред Врховниот суд во Белград.

Карлеуша, освен што ја потврди секс-аферата, за која што тврдеше дека е лага и дека Врањеш измислил сè, пред судот рече и дека тужела неколку српски медиуми кои ги објавија нејзините голи слики.

„Тие објавуваа мои фотографии, односно фотографии од моето голо тело за кои никогаш не дадов дозвола и кои настанале без мое знаење. Објавија слика од моите голи гради, слика за која не дадов дозвола ниту ја објавив, а не ни знаев дека настанала“, стои во судскиот записник кој Карлеуша потоа го потпиша.

„Сметам дека не постои ништо пострашно за една мајка, сопруга и ќерка секој ден да го гледа својот полов орган како централна најава во весниците. Јас не сум порноактерка, ниту сум актер од порноафера, бидејќи сум некој кој некогаш имал врска со некој што тајно сликал. Станува збор за видео-повик каде Врањеш без мое знаење ме сликал и снимал, а потоа ме уценуваше и ми се закануваше за на крајот да ги даде тие фотографии во медиумите, бидејќи не сакав да бидам со него“, додаде Карлеуша.

За потсетување, секс-аферата на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш беше главна тема во медиумите пред околу една година. По афераата, медиумите пишуваа и дека сопругот решил да се разведе од неа и дека сака да ѝ ги земе и децата.

Scroll to Top