Карлеуша ја спаси Вики од отказ во „Ѕвездите на Гранд“

Саша Поповиќ, сопственикот на „Гранд продукција“, сакал да ја отпушти Вики Миљковиќ пред почетокот на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, но нејзината ривалка Карлеуша не му дозволила, пишуваат српските медиуми.

Во новиот концепт на емисијата која ќе почне од септември, Саша сака да им даде поголема слобода на судиите и смета дека пет судии се доволни, пренесува „Курир“. Според нив, Карлеуша дознала дека Саша сака да ѝ даде отказ на Вики, па го убедила да не го прави тоа. Јелена и Вики приватно не разговараат и ја користат секоја можност јавно да се понижат една со друга. Ама Карлеуша му објаснила на Поповиќ дека гледаноста на емисијата е поголема токму заради нивните караници.

„Јелена е голем професионалец. Тоа што не ја сака Вики не значи дека ќе дозволи да трпи шоуто што во голем дел го прават тие две со своите расправии“, рекол за „Курир“ неименуван извор од продукцијата на Поповиќ.

Scroll to Top