Карлеуша кандидат за градоначалник на Белград

Српската пејачка Јелена Карлеуша, како што неофицијално дознава informer.rs, ќе се кандидира за градоначалник на Белград. Таа својата кандидатура наводно ќе ја објави официјално в недела.

И самата пејачка објави на „Твитер“ дека ќе се пушти во водите на политиката.

Веднаш по одлуката на претседателството на Српската напредна партија (СНС) со белградските избори да не бидат одржани и вонредни парламентарни републички избори, започна лицитацијата со имиња на кандидати за градоначалник на Белград.

СНС сè уште не се изјаснила за својот кандидат, а тајкунското крило на српската опозиција на белградските избори, најверојатно, ќе го предводи Драган Ѓилас. Свој кандидат ќе има и Чедомир Јовановиќ, а се шпекулира дека тоа ќе биде фолк-пејачката Јелена Карлеуша!

Дали следува тренд на јавни личности, пејачи, глумци и слично да се кандидираат за политички функции и во Македонија наредните избори, останува да видиме. Покрај незадоволството од моментните политичари, нема да биде чудо и кај нас да се појави тој тренд.

Scroll to Top