Карлеуша ќе му плати 300 000 евра на Врањеш да не ја објави нивната порноснимка

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш има порновидео со Јелена Карлеуша, а пејачката е подготвена да му плати 300 илјади евра за да не го објавува, пишуваат српските медиуми.

„Додека имаа афера, Јелена и Огњен често разменуваа секси видеа и фотографии. Бидејќи живееја во различни држави и не можеа често да се гледаат, мораа некако да ја одржуваат страста. Кога во август 2017 година таа го посетила во Атина, го снимале сексот. Тогаш е направен еден од најдобрите домашни филмови за возрасни, тоа ви го тврдам“, рекол пријател на босанскиот фудбалер.

Тој вели дека се снимале во неговиот стан и дека видеото трае малку повеќе од три минути. Огњен, наводно, го покажал на неколку свои колеги од босанската репрезентација и на неколку најблиски пријатели.

„Карлеуша знае дека Врањеш може да го пушти и видеото на интернет и не жали пари за да го спречи. Таа му понудила 300 000 евра за нивната заедничка снимка, а тој го прекинал повикот без да ја дослуша. Свесен е дека ја контролира, а парите никогаш не му биле мотив за да ги објави деталите од нивната врска“, додал истиот пријател на фудбалерот за српските медиуми.

Секс аферата на Карлеуша стана проблем и во „Ѕвездите на Гранд“

Scroll to Top