Карлеуша ќе отвори профил на „Онли фанс“ само ако тоа го направи и Кардашијан

Српската пејачка Јелена Карлеуша ќе отвори профил на „Онли фанс“ доколку отвори профил и реалити ѕвездата Ким Кардашијан. Таа во изјава за српските медиуми вели дека ако отвори профил на оваа платформа ќе заработи милиони.

„Тоа му го кажав на мојот продуцент, а тој ми рече ‘Само преку него мртва’. Затоа не размислувам за тоа сега, но ако Ким Кардашијан направи профил на таа платформа, и јас ќе го направам тоа“, рече Карлеуша.

Таа, исто така, изјави што луѓето би можеле да видат на тој профил.

„Фотографиите не би се разликувале од 90 отсто од оние што ги објавувам на Инстаграм. Тоа се фотографии од настапи во многу провокативни костими. Само не знам што би објавила на другите социјални мрежи, но ќе се снајдам”, изјавила пејачката.

Инаку поранешната српска кошаркарка Милица Дабовиќ,  отвори профил на платформата „Онли фанс“ и моментално е во центарот на вниманието на јавноста.

 

 

Scroll to Top