Откако Јелена Карлеуша на „Инстаграм“ се пофали со гостувањето на концертот на својата другарка Дара Бубамара, сега јавно соопшти дека ја посетувала во врска со неговата организација.
Карлеуша ја пофалила Дара за вложениот труд и нагласила дека ѝ симнува капа затоа што тоа денеска многу чини.
„Со задоволство прифатив да бидам гост на спектаклот на годината, тоа сигурно можам да ви го кажам“, изјавила Карлеуша за гостувањето на големиот концерт на Дара Бубамара во „Штарк арената“.
„Нема да ви откријам која песна ќе ја пеам, а само ќе ви кажам дека таа ми е најомилената. Ја одбрав нејзината најдобра песна“, дополнила Карлеуша на прашањето на новинарите со која песна ќе се претстави на концертот.