Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша до крајот на годината може да заработи еден ипол милион евра, а се заради секс-скандалот, пишуваат српските медиуми пишуваат. Според нив, таа ја зголемила цената за настапите, па наместо досегашните 12.000 наплаќа по 20.000 евра за настап.
Таа викендов имаше два настапа, во Виена и во Амстердам и за само два дена заработи 40.000 евра, додаваат медиумите.
„Зарадо порно-аферата сите сакаат да ја видат во живо. Некои дури и се сомневаат дека секс-скандалот е само маркетингшки трик за да го промовира новиот албум“, рекол нејзин пријател за српски „Ало“.
Карлеуша пред неколку дена објави нов албум кој на музичките платформи веќе има милионски прегледи, а се зголеми и бројот на нејзините следбеници на „Инстаграм“, па сега ја следат два милиона фанови.