Карлеуша предизвика хаос на „Инстаграм“

Јелена Карлеуша со фотографија од својата секси позадина предизвика хаос на „Инстаграм“.

Јелена Карлеуша наскоро повторно ќе ги забавува гледачите во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а за сè што не ќе може таму да покаже, ќе  надомести на социјалните мрежи, каде што е најследена српска јавна личност.

Покрај тоа што нема влакна на јазикот и го кажува своето мислење без оглед на последиците, Карлеуша шокира и со своите фотографии.

На оваа  фотографија е облечена во тексас јакна со својот лик, специјално направена за неа, но вниманието го привлече нејзината задница, која за еден час собра 35.000 лајкови на „Инстаграм“.

Некои на прв поглед помислиле дека е гола, други констатирале дека се во прашање хеланки, а имало и такви на кои не им било важно што е сè додека задницата на пејачката е совршена.

 

Scroll to Top