Настапот на Наташа Воденичар (35) во „Ѕвездите на Гранд“ ќе се памети по коментарот на Јелена Карлеуша.
Наташа не се прослави со пеењето, а Карлеуша имаше голем број на забелешки на нејзиниот стајлинг.
„Дали ти некогаш си имала стилист? Следниот пат кога ќе се подготвуваш, прво застани пред огледало и почни да одземаш. Не можеш да имаш се, и локни и големи гради, златен појас. Ти вечерва изгледаше како, не сакам да кажам евтино, но ќе кажам како канаринец“, во еден здив прокоментира Јелена.