Карлеуша неутешена по смртта на пејачот Немања на кого му беше ментор во „Ѕвездите на Гранд“

Младиот пејач Немања Вуковиќ кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ загина во понеделникот во сообраќајна несреќа на автопатот од Шид кон Белград. Веста ги шокираше голем број негови пријатели, колеги и фанови, а на „Инстаграм“ се прости и Јелена Карлеуша.

Пејачката му беше ментор во „Ѕвездите на Гранд“, кога Немања се натпреваруваше во шоуто на 18 години.

„Со голема тага го пишувам ова. Загина Немања, мојот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“. Нереално талентиран, културен, убав, млад. Имаше на ова видео 18 години. Го избрав него затоа што почувствував во него голем потенцијал. Верував во него. Длабоко сочувствувам со неговото семејство и сакам да изразам сочувство. Нема вселената ви даде сила да ја издржите оваа голема загуба. Почивај во мир Немања, а јас знам дека енергијата не може да умре, само го менува обликот и продолжува“, рече Карлеуша.

Scroll to Top