Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм сè огласи по повод страшната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово.
Карлеуша напиша дека во несреќата во која загинаа 14 луѓе, се наоѓал и омилен фан, Бобан Аврамоски. Пејачката потресена од несреќата на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на настраданите.
„Во страшна сообраќајна несреќа во Македонија животот го изгубија 14 лица. Меѓу нив беше и Бобан, мојот голем фан кој ми даде многу љубов и поддршка. Бобан фала ти. Засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сочувство до семејството. Сочувство до сите кои ги изгубија своите блиски“, напиша Јелена.