Карлеуша рече дека Поповиќ ќе биде тужен за падот на рејтингот и слабата гледаност на „Ѕвездите на Гранд“

Пејачката Јелена Карлеуша му порача на Саша Поповиќ дека рејтингот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ е паднат и дека наскоро ќе биде тужен од компанијата која го купи „Гранд“ за слабата гледаност.

„Штета што повеќе никој не го гледа шоуто, па не знаат ни кој победил. Те сакам Вики, ти ќе бидеш секогаш мојата омилена тема за шегување“, рече Карлеуша, која додаде и дека очекува да го види Поповиќ да се пресели во Опатија, каде ќе плови со новиот брод и дека таму ќе биде последен пат виден во јавност.

На ова Поповиќ ѝ одоговри дека ѝ фали популарноста која и ја донела „Ѕвездите на Гранд“ и дека и самата знае дека рејтинзите се недостижни.

„Не е лесно кога не си дел од најгледаната емисија во регионот“, и одговори Поповиќ на Карлеуша, која некогаш беше дел од жирито.

„Талентирана е да пишува бајки. Бројките секоја сабота покажуваат реални бројки“, и одговори и Александар Милиќ Мили.

 

Scroll to Top