Карлеуша со порака до сите мажи: Тажен бедник е оној кој не ја почитува мајката на своите деца

Јелена Карлеуша, која често во јавноста изнесува ставови за различни теми, коментираше за односот на мажите кон жените. На „Инстаграм“ напиша како родителите да си ги воспитуваат децата и дека жените треба да се почитуваат без разлика на сè.

„По тоа како мажот ја третира жената која му родила деца може да се види за каков човек станува збор. Оној кој мајката на своите деца не ја почитува е тажен бедник. Учете ги вашите синови да ги почитуваат сите жени, но најмногу својата. Учете ги да ја почитуваат својата мајка. Затоа што таа крвавела, се мачела, се откажала од многу работи, се борела, минала низ болка и страдање, ги воспитувала и хранела, треба да биде божество за секој маж. Научете ги дека никогаш не треба да ѝ се каже грд збор за ниту една жена. Ниту во лутина. Вистинските мажи никогаш не навредуваат жена“, рече Јелена и додаде: