Карлеуша спиела со телохранителот кога била во брак со Бојан Кариќ

По објавените експлицитни фотографии од српската пејачка Јелена Карлеуша, во јавноста се шират и озборувања за нејзиниот претходен скандал додека била во брак со Бојан Кариќ.

Станува збор за неверството кое Карлеуша го направила пред десет години, кога Кариќ ја фатил во кревет со нејзиниот телохранител. По избивањето на тој скандал, двојката се развела, а пејачката како и денес се оправдуваше дека скандалот и бил наместен затоа што семејството на Кариќ не ја сакала за снаа.

Карлеуша тогаш велела дека не била пожелна во семејството на Кариќ, затоа што била пејачка. Во моментов Јелена е на пат за Кина, каде треба да се види со нејзиниот сопруг по објавените нејзини голи фотографии на социјалните мрежи, кои наводно ги постирал фудбалерот Огњен Врањеш.

Scroll to Top