Карлеуша среќна што Тошиќ ќе остане да игра во Кина до 2021 година

By

Српската пејачка Јелена Карлеуша е пресреќна што нејзиниот сопруг Душко Тошиќ го продолжи договорот со кинескиот клуб Guangdžou R&F до 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Пејачката објави пост во кој вели дека е пресреќна поради продолжениот договор на нејзиниот сопруг. Од клубот му понудиле на Тошиќ договор вреден 8.500.000 ера, со кој Србинот се обврзува да игра до 2021 година.

Јелена објави и фотографија на социјалните мрежи на која таа е заедно со сопругот Душко Тошиќ. Фотографијата е направена во Кина, каде што пред неколку дена, таа заедно со ќерките го прославија 34. роденден на Душко.

 

Ќе ви се допадне