Карлеуша во депресија, Тошиќ го откажа одењето во Кина

Фудбалерот Душко Тошиќ вели дека ќе остане во Белград се додека не биде убеден дека здравствената состојба на Јелена Карлеуша не биде подобрена. Близок пријател на Тошиќ вели дека фудбалерот по погребот на Дивна, мајката на пејачката, одбил да се врати во Кина, плашејќи се дека неговата сопруга може да си наштети на самата себе си.

„Јелена тешко ја поднесе смртта на мајка и Дивна. Не може да си дојде на себе си. Таа и понатаму е во тешка психичка состојба. Не може да се помири со фактот дека нејзината мајка повеќе ја нема. Постојано плаче и пие лекови за смирување. Речиси со никого не разговара. Душко никогаш не ја видел во таква состојба. Тој ја разбира нејзината болка и сака да и помогне. Душко најдобро знае колку Дивна и Јелена беа блиски, како и тоа колку пати плачела додека мајка ѝ се бореше со тешката болест. Јелена во повеќе наврати зборувала дека нема да може да поднесе ако мајка ѝ почине. Затоа Душко се плаши за нејзиниот живот“, вели пријател на фудбалерот.

„Душко не се одвојува од Јелена и ги има превземено сите обврски околу децата. Се обидува со разговор да и помогне. Тој постојано и објаснува дека животот продолжува и дека нејзините деца и семејство се причина за да го продолжи својот живот. Но и покрај неговите обиди, Јелена е неутешена. И сестрата на Дивна пати. Но, таа повеќе стравува за емотивната состојба на Јелена. Тошиќ не може да ја смири и покрај тоа што 24 часа е со неа. Тој состојбата му ја пренел и на неговиот тренер Драган Стојковиќ Пикси, кој вели дека има разбирање за Душко и му дал дозвола да остане во Белград додека е потребно“, вели пријателот на Тошиќ.

 

 

Scroll to Top