Карлеуша во посета на Истанбул за роденденот на Душко Тошиќ

Фудбалерот на Бешикташ Душко Тошиќ вчера (19 јануари) наполни 33 години, а на посета во Истанбул му стигна една многу драга личност, сопругата Јелена Карлеуша. Како што доликува, познатата брачна двојка го прослави неговиот роденден, а за прославата познатата пејачка и српскиот фудбалски репрезентативец убаво се детараа.

И двајцата се одлучија за црна отмена креација. Душко носел црн џемпер, црни панталони и црн капут, со црни кондури, додека Јелена била во ист тон. На себе Карлеуша имала краток фустан, елегантни чизми, со мрежасти чорапи.

Нивната нова заедничка фотографија ја објавила Карлеуша, а фановите беа просто воодушевени. Сликата за само еден час имала повеќе од 60.000 лајкови. Имало еден куп на коментари, а повеќето биле позитивни.

 

Scroll to Top