Јелена Карлеуша, една од најозборуваните јавни личности, не само во Србија, туку и во регионот за себе вели дека ни од далеку не е она што мислат луѓето за неа.
„Отсекогаш имав јасна визија каков ќе биде мојот пат. Секој чекор ми беше кристално јасен. Во желбите бев некаде меѓу Мадона и Лепа Брена, во тој некој стил. Но секогаш ја имав таа некоја доза на ексцентричност“, рекла Јелена и додала: „Јас сум всушност шоу-биз измама. Се што луѓето мислат за мене не е така.“
Коментирајќи ги оние кои не ја сакаат признала: „На крајот се научив себеси дека омразата во оваа работа ќе ми биде сосема нормална работа, а тоа не е нормално. Во оваа работа мораш толку да се деформираш и извитопериш, па на навреда да одговориш со – само полека.“