Карлеуша за новиот спот потрошила 250.000 евра

Јелена Карлеуша за најновиот спот потрошила 250.000 евра, пренесоа медиумите. Пејачката неодамна го заврши снимањето на најскапиот спот некогаш снимен на овие простори, а на 13 август се очекува и да го објави новиот студиски албум.

„За видеото потроши четврт милион и ова не е шега. Не знам како луѓето ќе реагираат кога ќе го видат. Не е музичко видео, не знам ни како да го наречам. Само таа може да направи и презентира такво нешто. Значи, зборуваме за видео кое се снимаше 7 дена и беше работено од странска и домашна филмска екипа од 150 луѓе. Мораа да потпишуваат договор за необјавување, авторски белешка, односно договор за доверливост на податоците, за да нема апсолутно објавени никакви детали од снимањето. Да не зборуваме за фотографиите. Ги правеа странци. Тоа беше строго контролирано. Беше ангажирано обезбедување, се проверуваа телефоните на сите кои учествуваа во снимањето“, откри извор близок до пејачката.

„На спотот работеа 150 луѓе од кои 70 статисти, 30 танчери. Беа креирани специјални костими. Луѓето треба да го видат за да го разберат. Создадени се од дизајнери кои се претставени и како главни дизајнери на турнејата на Бијонсе, што доволно говори за квалитетот. Снимањето се одвиваше од 6 часот наутро до раните утрински часови и траеше 20 часа. Беше неверојатно заморно, но сите се толку горди и пресреќни за сè што е направено. Спотот ќе биде претставен пред публиката, како дел од кампањата што треба да започне за албумот што ќе излезе на 13 август“, додава изворот.

 

 

Scroll to Top