Пејачката Катарина Грујиќ не е добредојдена на свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ. Двете пејачки заедно се натпреварувале во „Ѕвездите на гранд“, но набрзо потоа се скарале и не разговараат.
„Не ме поканија. Александра и јас не се дружиме, се знаеме од натпреварот, се поздравуваме на снимања, но не сакаме некоја претерена комуникација“, рекла Катарина.
Ни таа ни Пријовиќ никогаш не кажале јавно зошто не разговараат.
Свадбата на Александра и Филип ќе се одржи во јуни, а поканети се голем број јавни личности.