Ќе се снима серија за убиствата во времето на режимот на Милошевиќ

Ќе се снима серија за убиствата во времето на режимот на Слободан Милошевиќ, пишуваат српските медиуми. Како што пренесуваат тие, Милошевиќ ќе биде тема во новата играна серија.

Првата епизода ќе биде посветена на мистериозната смрт на новинарката Вујасиновиќ, а останатите јунаци ќе бидат мажи убиени во деведесеттите години од минатиот век.

Реконструкциите на случаите се снимени на автентични локации, а во истите ќе глумат актери кои во голем број случаи и самите учествувале во истрагата.

Приказните се илустрирани во судски и полициски документации, фотографии, снимки и документи. Некои злосторства се приказни сами по себе, а некои послужиле како повод за анализа на слични ситуации и проблеми кои доведуваат до насилни убиства и други кривични дела.

Публиката новата епизода „Срцето на злосторот“, ќе може да ја гледа на есен. Втората сезона ќе се занимава со убиствата за време на режимот на Слободан Милошевиќ.

Соговорниците се сведоци на злосторства, жртви, полицајци, судии, обвинители, адвокати, доктори, психолози, форензичари, претставници на државен и навладин сектор.

Новинарката Дада Вујасиновиќ ја игра Јована Стевиќ, која веќе ја играла новинарката во серијата „Убиецот на мојот татко“. Младата глумица прво дипломирала менаџмент во уметноста и новинарството, а потоа на 31 година се запишала на глума во класата на Виде Огњеновиќ и Ивана Босилјчиќ, на Факултетот за современа уметност.

Законот дозволува на државниот факултет да се примаат само глумци помлади од 25 години.

„Четврти пат играм новинарка, а ова е прва моја главна улога“, кратко изјавила Јовна за српските медиум, која не можела да открие повеќе детали за самата серија.

Според документарната играна серија „Срцето на злосторот“, публиката наредната година ја очекува серијата „Семејство“, чии јунаци ќе бидат членови на семејството Милошевиќ. Во петте продолженија како режисер и сценарист се потпишува авторот Бојан Велетиќ.

Се очекува оваа приказна да го привлече вниманието на публиката не само во Србија, туку и пошироко.

 

 

Scroll to Top