Ќе се снима трет дел „Зона Замфирова“

Сценаристите и продуценти Мирослав и Ивана Митиќ ќе снимаат трет дел од популарниот српски филм „Зона Замфирова“.

Митиќ изјавил дека имаат идеја да снимат трет дел од приказната која би се случувала во текот на балканските војни и Првата светска војна.

Тој потсетил дека дејството на вториот дел завршува во 1908 година кога Србија е мобилизирана заради анексијата на Босна, а во првата верзија планирале во завршната сцена, кога Мане и Зона излегуваат од црква, пред неа да има илјада војници кои се женат пред да заминат во војна.

„Одлучивме тоа да го оставиме за третиот дел, во кој би го прикажале периодот од 1908 година низ приказна на жените. Убеден сум

дека нашите баби ја сочувале Србија во текот на војните“, изјавил Митиќ.

 

 

Scroll to Top