Ќе се жени актерот Андрија Милошевиќ

Актерот Андрија Милошевиќ од Црна Гора потврди дека ќе се жени со неговата колешка и партнерка Сандра Томиќ. Андрија изјавил дека веќе некое време со Сандра размислувале и планирале да склучат брак и да имаат деца.

„Планираме брак и потомство. Луѓето имаат различни животни патишта, а во нашата професија сме на голема мака, работата ни одзема многу време“, изјавил Андрија.

„Не знам кога ќе се случи тоа. Меѓу нас нема затегнување на односите, најважно е да се биде едноставен како во работата, така и во животот. Не глумиме приватно, тоа и не треба да се прави, туку се чуваме за публиката“, изјавил Андрија.

 

 

 

Scroll to Top