„Ќе ти го извадам јазикот со ноктиве“ – Гоца Тржан без контрола

Пејачката Гоца Тржан не реагира на коментари на обожавателите, но овој пат не можеше да се воздржи и ја покажа својата најгрда страна.

Кога една нејзина обожавателка напиша лош коментар за сметка на нејзините нокти, пејачката го покажа своето вистинско лице па ѝ одговори: „Колкави ми се канџите? Со нив ќе им го извадам јазикот на сите што ка**ат по социјалните мрежи“, напиша таа на „Инстаграм“.

Но, Гоца не застана тука, па веќе следниот ден во емисијата „Премиера“ додаде: „Ќе се најде некоја препаметна, пренегувана жена на која ѝ недостига четворка горе десно, па ќе почне да коментира сè и сешто без причина. Е, затоа ѝ одговорив како што ми дојде“, рече Тржан.

Scroll to Top