„Ќе ти ја отсечеме главата ако тужиш“ – Неда Украден бара имот од Хрватска, роднините не ѝ даваат

Неда Украден има проблеми со семејството од Хрватска, пишуваат медиумите, според кои Неда ги тужела своите роднини затоа што ја исклучиле од наследството на дедо ѝ, па сега наводно ѝ се закануваат и ја уценуваат. Дури ѝ рекле дека ќе ѝ ја отсечат главата.

„Бидејќи Неда тужеше 26 члена на семејството од Имотски затоа што тие ја отфрлија кога делеа имот што ѝ припаѓа според законот, многумина од нив сега сакаат да ѝ се одмаздат“, велат нејзини блиски. Според нив, Неда има доволно затоа што е позната и заработува пари и не им е јасно зошто сега го бара тој дел од имотот. „Преку роднини ѝ порачуваат да се чува и дека ќе ѝ ја отсчеат главата ако не ја повлече тужбата. Тие дури рекоа дека сите ќе дојдат кај неа во Белград за да ѝ покажат како изгледа кога е киднапирана. Од друга страна, Неда верува дека има право на својот дел и нема намера да се откаже, па го даде случајот на адвокатот за да се справи со тоа бидејќи, како што рече, законот е на нејзина страна и таа нема да се откаже од наследството“, вели нејзин близок за српските медиуми.

Според хрватските медиуми, пак, Неда Украден ја тужела Република Хрватска, градот Имотски, како и многу членови на нејзиното потесно и подалечно семејство, вкупно 26 од семејствата Украден, Кадиевиќ, Милош и Путица, со цел да ги регистрира своите потекла во Главина Доња, населба која дел од Имотски.

 

Scroll to Top