Кеба лаже, приведен е поради кривично дело, а не поради песната

Во саботата пејачот Драган Којиќ – Кеба беше приведен од Безбедносно-информативната агенција на Србија. По информативниот разговор, тој веднаш даде изјава за српските медиуми, во која истакна дека приведувањето било поради песната што ќе ја објави во декември.

„Не знам како воопшто дошле до снимката. Заклучиле дека песната не е погодна за националниот интерес така што морав да дадам изјава и објаснување“, рекол тој.

На оваа негова изјава се огласи Божидар Спасиќ, поранешен член на специјалниот тим на Службата за државна безбедност.

„БИА не се занимава со песни, особено не со оние што не се објавени. Тоа е смешно. Дури и да е некој специфичен случај, ќе се дозволи прво да биде објавена, а потоа да реагира. БИА е сериозна полиција“, изјавил тој.

Медиумите во Србија добиле и официјално соопштение од БИА, а тоа ги демантира изјавите на Кеба. Во соопштението се вели:

„Припадниците на БИА на 28.9.2017 година, вршејќи ги своите редовни работни задачи за заштита на безбедноста на Република Србија, а поради собирање известувања, односно идентификација на сопственикот и корисникот на возилото за кое постои сомнение дека е предмет со кој е извршено кривично дело, извршија разговор и со Драган Којиќ. Истакнуваме дека наведениот разговор нема никаква врска со каква било песна на споменатиот Којиќ и во истата пригода се разјаснети сите околности поради кои разговорот е направен.“

Scroll to Top