Кеба стана пензионер

Пејачот Драган Којиќ Кеба стана пензионер. Таткото на Игор Којиќ и поранешниот свекор на Северина наполни доволно години за пензионирање и сега неговите месечни примања кои ќе ги добива во два дела, ќе изнесуваат нешто повеќе од 46.000 динари.

Кеба со години се занимавал преку својата фирма „Кебони“ преку која плаќал данок на државата, а имал и статус на истакнат уметник, па се претпоставува дека на овој начин ги исполнувал законските норми за пензионирање, пренесоа медиумите.

Покрај Којиќ, од естрадата пензија добиваат и Саша Поповиќ 700 евра, Злата Петровиќ 35.000 динари, плус пензија од Австрија 800 евра, Нада Обриќ 16.000 динари, Хасан Дудиќ, Бора Ѓорѓевиќ национална пензија, Нада Топчагиќ 35,000 динари, Раде Јоровиќ 25.000 динари и Лепа Лукиќ, која зема три пензии.

Scroll to Top