Кеба: Виновен сум, ќе одговарам!

Драган Којиќ Кеба вчера се појави во Основното обвинителство поради несреќата што ја  предизвика во Нов Белград во која прегази девојка на пешачки возејќи без возачка дозвола.

Незгодата се случи на 7 ноември околу 20 часот на улица „Париска комуна“. Кеба со црно „ауди“ ја удри девојката Александра Џ. на обележан пешачки премин.

По сослушувањето, Кеба навел дека е виновен за инцидентот, дека погрешил и дека е свесен за последиците.

„Фала на Бога нема никакви жртви и последици. Да се сите живи и здрави, тоа е најважно. Ова е прво кривично сослушување кај јавниот обвинител. Мојата одбрана е вистината. Виновен сум и ќе одговарам. Ќе добијам адекватна законска казна. Се случило, што да правам. Животот оди понатаму, важно е сите да се живи и здрави“, изјавил Којиќ дополнувајќи дека не се плаши од казната.

„Не, не се плашам. Само му се заблагодарувам на Бога. Кога ќе помислам што сè можело да се случи… Зошто би се плашел?“ изјавил Кеба.

„Што се однесува до девојката, не сакам воопшто да ја вовлекувам во оваа приказна од почит и разбирање. Ја поздравувам неа и нејзиното семејство. Се разбира дека повремено сме во контакт“, изјавил Кеба објаснувајќи дека не се плаши од затворска казна.

Scroll to Top