Кемиш од срам и се заканил на Зорица Брунцлик: “Ќе се разведам од тебе”

Зорица Брунцлик има природно виткана црна коса, но во минатото се реши да ја офарба розева. Кога го преземала овој драстичен чекор, нејзиниот сопруг Кемиш се заканил дека ќе се разведе од неа, бидејќи му било срам да шета со неа по улица во такво издание.

dobivaj vesti na viber

Пејачката своевремено преку ноќ ја офарбала косата розева, а тоа ги шокирало не само обожавателите туку и нејзиниот сакан.

– Зорица не сакаше да ја смени бојата ни по цена на бракот. Таа сакаше црвена боја, а по грешка и ја пратиле оваа, но таа била задоволна и решила дека тоа ќе и биде заштитен знак. Сепак, Кемиш збесна, тогаш се шегуваше со пријателите дека толку му е шарено во бракот што ако се разведе тоа ќе биде поради косата, вели извор.

Сепак, и години и години подоцна розевата коса и понатаму е заштитен знак на Зорица.

Scroll to Top