Кенет Брана ќе го глуми Борис Џонсон во ТВ-серија за короната

Актерот Кенет Брана ќе го игра премиерот Борис Џонсон во телевизиската серија Sceptred Isle, која е посветена на справувањето на Британија со пандемијата на Ковид-19. Оваа драма ќе раскаже за некои од најтешките периоди со кои се соочи земјата по почетокот на пандемијата, а во фокусот ќе биде премиерот Џонсон и начинот на кој тој ја водеше земјата.

Приказната се заснова на искази од стручни лица кои се директно вклучени во борбата со пандемијата, а меѓу нив се и министерот за здравство, научници и здравствени работници.

Серијата ќе има пет епизоди.

„Првиот бран на Ковид-19 ќе се запамети засекогаш, време кога земјата се сплоти да се бори против невидлив непријател, кога луѓето беа повеќе од свесни за важноста на заедницата“, изјави Мајкл Винтерботом, кој е косценарист и режисер на серијата.

Scroll to Top